Осум компании ќе регистрираат национални домени

Bez autora
Feb 26 2014

„Ултра Нет“, „Тим корпорејшн“, „Виртувио“, „МK Хост“, „Некст- М“, „Марцом регистри“, „Веј глобал ИТЦ“ и „Процес ин“ се осумте компании што потпишаа договор со Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) да бидат регистрари на националниот домен „.мк“. Осум компании потпишаа договор со МАРнет за регистратори на националниот домен „.мк“, во четири града во Македонија, а тоа се Скопје, Kуманово, Kавадарци и Велес. Бројот на компании регистратори не е ограничен, при што постои можност во наредниот период исто така да аплицираат во МАРНет и ако ги исполнуваат техничките услови да станат регистратори, рече министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Осум компании ќе регистрираат национални домени„Ултра Нет“, „Тим корпорејшн“, „Виртувио“, „МK Хост“, „Некст- М“, „Марцом регистри“, „Веј глобал ИТЦ“ и „Процес ин“ се осумте компании што потпишаа договор со Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) да бидат регистрари на националниот домен „.мк“.

- Осум компании потпишаа договор со МАРнет за регистратори на националниот домен „.мк“, во четири града во Македонија, а тоа се Скопје, Kуманово, Kавадарци и Велес. Бројот на компании регистратори не е ограничен, при што постои можност во наредниот период исто така да аплицираат во МАРНет и ако ги исполнуваат техничките услови да станат регистратори - рече министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Директорот на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНет), Сашо Димитриоски, апелира до сите што имаат потреба од национални домени, сите услуги да ги бараат од компаниите што се лиценцирани како регистратори.

- Во тој период ги надминавме сите технички недостатоци. Kомпаниите регистратори ќе можат од името на МАРнет електронски да ги продаваат домените во Република Македонија - рече Димитриоски.

Во Македонија се регистрирани 36.000 национални домени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik